Утрински Весник
Македонија

Сопственикот на „ДоказМ“ однесен во „Идризово“, сајтот исклучен, доменот сѐ уште во негова сопственост

Одбиено барањето на сопственикот на „ДоказМ“ за иземање на обвинителот Рајчев

Марјан Стаменковски од „ДоказМ“ намалената затворска казна, започна да ја издржува во затворот „Идризово“. Истовремено, се уште не е спроведена судската одлука за бришење на домен-адресата на неговиот портал, каде се пласираа текстовите за кои е осуден. Но хостингот на порталот е исклучен.

dobivaj vesti na viber

Стаменковски е спроведен во најголемиот затвор во земјава, каде ќе треба да остане уште две години и два месеци. Тој досега помина четири месеци во притвор, поради опасност од бегство.

Првичната казна за Стаменковски беше три години и еден месец. Потоа, Апелација му ја намали на две години и шест месеци. Нему одново ќе му се суди за делото – уцена.

При претресот во станот каде престојуваше, нему му беше одземена и поголема сума на пари, според неофицијални информации над 90.000 евра за кои сомнежите се дека потекнуваат од други кривични дела. Поради ова, се води и втор предмет против него.

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација