Утрински Весник
Свет

Сопругата на Зеленски за негов нов мандат: Не сум сигурна дека ќе го направи тоа

Сопругата на Зеленски за негов нов мандат: Не сум сигурна дека ќе го направи тоа

Додека Украина размислува дали да се одржат претседателски избори следната година без да ѝ се гледа крај на војната со Русија, првата дама на Украина Олена Зеленска изјави за Си-Би-Ес дека не е сигурна дека нејзиниот сопруг ќе се кандидира за втор мандат.

dobivaj vesti na viber

За време на интервјуто за „Face the Nation“, Зеленска рече дека политичките аспирации на нејзиниот сопруг, украинскиот претседател Володимир Зеленски, не секогаш добивале нејзина лична поддршка. Но, таа рече дека ако тој се кандидира за втор мандат, нема да се чувствува неволно како што се чувствуваше за време на неговата прва претседателска кандидатура.

„Дури и кога се кандидираше прв пат, не го поддржав целосно. Но, ако повторно се кандидира, ако одлучи дека е потребно – добро, имаме искуство, сме го поминале тоа“, рече Зеленска.

Таа додаде дека не е сигурна дека воопшто ќе се кандидира, особено ако се има предвид неизвесната состојба во земјава.

„Ќе зависи и од тоа дали на нашето општество би му требал како претседател, ако почувствува дека украинското општество повеќе нема да сака да биде претседател, тој веројатно нема да се кандидира“, рече првата дама на Украина, додавајќи дека ќе го поддржи сопруготбез разлика каква одлука ќе донесе.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30