Утрински Весник
Свет

Сопругата на Шолц поднесе оставка од министерската функција

Сопругата на Шолц поднесе оставка од министерската функција

Сопругата на германскиот канцелар Олаф Шолц, министерката за образование на покраината Бранденбург, Брита Ернст (СПД), поднесе оставка од таа функција, без да наведе причини.

dobivaj vesti na viber

Заминувањето на Брита Ернст од функцијата министер за образование уследи по критиките во јавноста, која беше незадоволна од резултатите од нејзината работа на полето на градинките и училиштата, а како што пренесува „Франкфуртер Алемајне Цајтунг“, нејзин наследник ќе биде државниот секретар Стефан Фрајберг.

Ернст шест години е член на покраинската влада, а во 2021 година беше претседател на Конференцијата на министри за образование.

Премиерот на сојузната покраина Бранденбург Дитмар Војдке ја прифати оставката и ѝ се заблагодари на Ернст за шестгодишната работа како регионален министер за образование.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking