Утрински Весник
Скопје

Сообраќаен хаос на обиколница кај Скопје: Тешка несреќа и километарски колони

Голем сообраќаен метеж денеска е забележан на скопската обиколница, особено во делот кај Стајковци и Смилковско Езеро, каде што поради тешка сообраќајна несреќа сообраќајот е значително отежнат.

Според првичните информации, несреќата се случила кај Смилковско, каде што камион и комбе се судриле, при што патот е целосно блокиран. На терен се создадени долги колони возила, а застои има на најмалку две критични точки долж обиколницата.

Дополнителен метеж е пријавен и во близина на Мирковци, каде што колоните се особено долги, а движењето на возилата е значително забавено.

Надлежните служби се на терен и во моментов се работи на отстранување на товарното возило (шлепер), со цел нормализирање на сообраќајот. Сепак, состојбата и натаму е критична, а возачите се советуваат да бараат алтернативни правци.

Како една од можните алтернативи се посочува исклучувањето кај Радишани, бидејќи дел од обиколницата останува непрооден.

Возачите се повикуваат на внимателност и трпение додека трае расчистувањето на теренот.

Можете да прочитате

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин”, инвестиција од 5,99 милиони денари

Орце повикува граѓаните на Скопје да чистат – затоа што тој не може, велат од СДСМ

Меџити: Улицата „Фаик Коница” во Дижон доби сосема нов лик