Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот во зимски услови, по претежно суви коловози

1706946706 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15. 11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15. 03. 2024 година.

Можете да прочитате

Работник од Делчево се здобил со тешка повреда при извршување на работните обврски

Густа магла на повеќе патни правци

МЕПСО го рестартира стратешкиот проект за 400 kV интерконекција Битола – Елбасан