Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Kolovoz.jpg

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ. Намалена видливост поради појава на магла до 150м. има на патниот правец Катланово – Велес.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Свечено отворен реконструираниот Дом на културата „11 Октомври” во Ченто

Лимани: Размените меѓу младите се инвестиција во иднината и клуч за задржување на младите во регионот

Стојанче ѝ се заканувал на Ивана со објавување експлицитни видеа, сведочеше сведокот Саздов пред судот