Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Kolovoz1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ известува за воведување привремен режим на сообраќај на регионалниот пат Р1306, делница Прилеп – Крушево – Сладуево, заради започнување градежни активности од проект за санација на оштетувања на делницата.

-Поради тоа, од 16 декември 2024 година па се до завршување со градежните активности, делницата ќе биде целосно затворена, на потегот од Мало Коњари до Кривогаштани. Сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект, информира утрово АМСМ. 

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен