Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози, во Крушево намалена видливост поради магла

Магла на Плетвар, снег провејува на Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози.

dobivaj vesti na viber

Намалена видливост поради магла до 20 м има во Крушево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Жена од Македонија загина во страшна сообраќајна несреќа во Албанија

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!

Ревизија – контрола или алиби?