Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Сообраќајот низ државата се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Сообраќајот низ државата се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини
Dik 300x250 mk

Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“, АМСМ известува дека поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), на ден 18.09 до 23.09.2023год, ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско во периодот од 08:00 – 18:00 часот.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Мицкоски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

ВМРО-ДПМНE: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд