Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози

Ве известуваме дека на ден 15 и 16.09.2022 год. поради изведување на градежни работи на патниот правец Р1106 Нова брезница – Коломонт поради сигурност на сообраќајот и ефективно завршување на градежните работи потребно е да се стават во прекин термините за движење низ НП Јасен и тоа:

dobivaj vesti na viber

Од Скопје – М.Брод од 12.00 до 12.45

Од М.Брод – Скопје од 10.30 до 11.00 и

13.00 до 13.45

Од 18.08.2022 до 19.09.2022 на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот е во прекин помеѓу 09:00 и 15:30 часот. Работите се изведуваат само во работни денови.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Македонија бележи значаен реформски напредок во енергетиката

МВР со детали за пожарот во кругот на фабрика на подрачјето на Гази Баба

МВР затекна малолетници во угостителски објекти во Куманово