Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На г. п. Табановце, за излез од државата чекањето е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

dobivaj vesti na viber

Од 18.08.2022 до 12.09.2022 на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот е во прекин помеѓу 09:00 и 15:30 часот. Работите се изведуваат само во работни денови.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Од утре почнува спортската обнова на кејот – Ѓеорѓиевски и Ристовски со вечерен увид

Цирих најскап, Скопје меѓу најевтините градови во Европа

Мицкоски: Ако треба Владата да падне поради „Сејф Сити“, подготвен сум на тој ризик