Утрински Весник
Македонија

Сообраќајна незгода во Чаир, тешко повреден возач однесен во болница

Сообраќајна незгода во Чаир, тешко повреден возач однесен во болница

Синоќа, по полноќ, се случила сообраќајна несреќа на крстосницата од улиците Џон Кенеди, Македонско-косовска бригада и Славеј Планина во скопски Чаир.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од А. Х. (21) од Скопје и мопед „баотијан“, управуван од Ш. М. (47) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница, излезеноста 46,56 отсто

ВМРО-ДПМНЕ со најмногу гласови во Брвеница – Радичевски освои 2.943 гласа

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните