Утрински Весник
Македонија

Сообраќајна несреќа во Неготино, едно лице заврши со тешки повреди

МВР со детали за сообраќајката кај Штип: загинало и малолетно девојче

Вчера во Неготино се случила сообраќајна несреќа, пришто едно лице со тешки повреди е префрлено во болница.

dobivaj vesti na viber

„На 07.06.2023 во 14.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од улиците „Фемо Кулаков“ и „Владо Арсов Шпанац“ во Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.Д.(28) од Кавадарци и товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.П.(26) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.П. констатирани во Општа болница Кавадарци“, објави МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

Можете да прочитате

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди

Исмаил: По труењето на над 1.000 гостиварци, време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

Скопјани тргнаа на викенд – застој и колони на патарините