Утрински Весник
Македонија

Сончево со умерена облачност, по котлините магливо и постудено

Magla.webp.webp

Времето денеска по котлините во поголем дел од денот ќе биде магливо и постудено. Во останатите подрачја сончево со умерена облачност и претежно тивко.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во местата со магла максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6 степени.


Во Скопје во поголем дел од денот времето ќе биде магливо и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што снежната покривка и понатаму ќе се намалува. По котлините ќе биде магливо и постудено, особено во претпладневните часови.

Можете да прочитате

Човечки труп најден во близина на болницата во Бардовци

Двајца велешани измамиле пензионер за 5000 евра

На аеродромот во Скопје уапсен француски државјанин баран со потерница