Утрински Весник
Македонија

Сончево со температура до 38 степени, во северните делови услови за дожд, од утре посвежо време

Oblacno.webp.webp

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.


Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) утре дневната температура значително ќе опадне (од 8 до 10 степени). В петок ќе се задржи посвежо време и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а температура ќе биде во постепен пораст.

Можете да прочитате

Тренчевска: Минимална плата од 600 евра за достоинствен живот на работниците 

Тешка несреќа во Скопје лице прегазено од комбе

Тошковски: Целта на системот ,,Безбеден град” е да спаси човечки живот