Утрински Весник
Македонија

Сончево со студено утро – 24info.mk

Vreme Magla 780x470 1.jpg

Времето денеска изутрина ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени Целзиусови.

Во Скопје изутрина ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 17 степени Целзиусови.

До сабота, според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која само понекаде ќе остане подолготрајна. Од недела времето ќе биде променливо облачно и постудено, а на почетокот на следната недела наместа ќе има појава на повремен дожд, на највисоките планини услови за краткотраен снег. 

Можете да прочитате

Закон предвидува 24 часа, но барање за одземање на имунитет на судијата се уште нема

Полицијата го опколи Батинци – потера по бегалец осомничен за две убиства

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“