Утрински Весник
Македонија

Сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец

Soncevo vreme 4.jpg

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во следните денови ќе се задржи релативно топло време со умерен, а во петок и за време на викендот наместа засилен ветер од јужен правец. Повремени врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник.

Можете да прочитате

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра