Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала облачност, претпладне со услови за повремен локален дожд и грмежи

1721886179 Vreme 1.webp.webp

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со услови за повремен локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. UV=7

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Следува период на стабилно време. Во петок ќе дува засилен северен ветер (над 60 km/h) кој ќе услови пониска дневна температура, а во деновите потоа температурата ќе биде во постепен пораст. 

Можете да прочитате

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

Жена удрена од електричен тротинет на автобуска постојка

Млад човек починал во стан во Скопје