Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните делови услови за локален дожд

Meteo Vreme Promenlivo Oblacno.jpg

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови во западните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од УХМР информираат дека утре претежно во западните делови од земјата ќе има појава на краткотраен дожд. Потоа времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Дневната температура ќе биде во постепен благ пораст. Во средината на неделата се очекува преодно наоблачување проследено со локални врнежи од дожд и услови за грмежи.

Можете да прочитате

ЈНА се заканувала со срамнување на Скопје, Македонија се борела да го спаси аеродромот вели Гоцевски

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Кај помошник-директор на Царината пронајдени 17.500 евра

„Горе не оди како што треба“ – Гоцевски открива што му кажал Глигоров уште во 1987 година