Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала до умерена облачност

Esen 5.jpg

Претежно сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Стабилното и сончево време ќе продолжи и во текот на следната седмица. И понатаму, во ноќните и утринските часови, по одделни котлини и речни долини ќе се задржува магла, додека дневните температури ќе останат над просекот за овој период од годината.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните