Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло со температури до 31 степен

Vreme.jpg
Dik 300x250 mk

Времето денеска ќе биде сончево и топло, во источните делови со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

УХМР најавува дека во вторник во текот на ноќта, а особено во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер. Повремени врнежи ќе има потоа и во следните два дена. Температурата од среда ќе биде во позначително опаѓање.

Можете да прочитате

Тетовец со нож се заканувал на полицајци по сообраќајна кавга

Продолжи судењето за Онкологија, сведоци тврдат дека давале мито за терапија

Во казино во Аеродром 70-годишник се степал со 62-годишник