Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло до 38 степени

Vreme7.webp.webp

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 37 степени.


Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.

Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Можете да прочитате

Немам верба во државата – Таткото на судијата Ристов објасни зошто ги криел 350.000 евра во ѕид

10 возачи приведени, девет возеле без положен возачки испит

ВЛТ терминалите никогаш не проработеле – се чекале дозволи од УЈП и Министерството за финансии