Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло време со температура до 40 степени

499495 Toplo Vreme Do Krajot Na Mesecot.jpg

Времето денес ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Во деновите од викендот ќе се задржи топло време со попладневна нестабилност. Особено во сабота во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и појава на град.

Можете да прочитате

Уапсен криумчар на мигранти во близина на ГП Долно Блаце, пронајдени четири лица од Индија

(Видео) Огромни колони за излез од Грција

Шест лица уапсени за семејно насилство во последното деноноќие