Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Сончево и многу топло со температура до 30 степени, од сабота локално невреме со дожд и град

Топлотен бран во Македонија, да се почитуваат препораките за заштита
Img 7972

Времето денеска претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. УВ=9

dobivaj vesti na viber

Во Скопје: Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. и температура до 38 степени.

УХМР со информација дека до сабота ќе се задржи многу топло време со натпросечна температура и со умерен, а во сабота засилен јужен ветер.

Под влијание на атмосферски фронт во сабота попладне и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.

Од недела следува посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Можете да прочитате

Дрска кражба на мобилен телефон, Обвинителството откри детали

Фамилијарни листи за советници на ЗНАМ: На листата во Струга цели фамилии со се братучеди и баџанаци 

Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори