Утрински Весник
Македонија

Сончевиот викенд ќе заврши со локален дожд и засилен ветер

420122795 741362797659110 7551474965979992683 n.jpg

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираше УХМР. „Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер“, се вели во соопштението. Сончево со мала до умерена облачност ќе преовладува и во текот на утрешниот ден. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Нестабилната временска ситуација ќе продолжи на почетокот од новата седмица, кога во понеделник и вторник ќе има повремени врнежи од дожд, наместа ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува силен ветер од северен правец (над 70 km/h), а во Повардарието ветерот ќе биде од јужен правец.

Можете да прочитате

Македонска делегација на молебен на гробот на Свети Кирил во Рим

Идниот гувернер ќе се избира на пленарна седница на 28 мај

Мисајловски и Калас ги посетија Балканските медицински наменски сили