Утрински Весник
Спорт

Солскјер повторно ќе работи во Премиер лигата

Солскјер повторно ќе работи во Премиер лигата
Ss2

Норвешкиот тренер Оле Гунар Солскјер, во ноември минатата година доби отказ на „Олд Трафорд“. Манчестер јунајтед го отпуштија по серијата лоши резултати. Оттогаш Солскјер е без работа.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат англиските медиуми, поранешниот тренер на „црвените ѓаволи“ е на листата на желби на Вулверхемптон. Вулвс, пред два дена го отпуштија 46. годишниот Португалец Бруно Лаж.

Ss1

Според британските медиуми, Солскјер е првиот кандидат, доколку не прифати клубот ќе преговара со Педро Мартинс, поранешниот тренер на Олимпијакос, како и Карлос Карваљо, поранешниот тренер на Свонси.

Пред Манчестер јунајтед, Солскјаер работеше во Молде и Кардиф. Како тренер, Солскјер двапати беше шампион на Норвешка со Молде и победник на Купот на таа земја.

Вулверхемптон по осум кола се наоѓа на 18. место во англиската Премиер лига, со само една победа. До ангажирањето на новиот тренер, тимот привремено ќе го води дуото Стив Дејвис и Џејмс Колинс.

Ss1

Можете да прочитате

Арсенал пукна „петарда“ во мрежата на Челзи

Албански стратег кој со Шкендија беше шампион во мак-фудбалот е нов тренер на Шкупи

(Видео) Браќата на Јокиќ натепаа навивач на трибина