Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Соларната енергија во ЕУ првпат ги надмина количествата на струја од термоцентралите на јаглен

20240209153005 Big 730x400 5.webp.webp
Img 7972

Количествата на електрична енергија добиени од соларните системи во Европската Унија во текот на 2024 година првпат ги надминаа оние произведени во термоцентралите на јаглен, покажува студијата на тинк-тенкот „Ембер“. 

Во документот, објавен денеска, се посочува и дека во исто време лани количеството на струја добиени од централите на ветер останало речиси непроменето во однос на претходната година.  


Според студијата, 11 отсто од електричната енергија произведена во ЕУ во 2024 година потекнувала од соларните системи, додека уделот на струјата од термоцентралите на јаглен првпат по повеќе децении падна под 10 проценти. Во 2023 година учеството на соларната енергија во вкупното енергетско производство во ЕУ изнесуваше 9,3 проценти. 

Мало намалување лани бележи и производството на струја од централите на гас и нејзиниот удел во вкупните количества на електрична енергија изнесувало 15,7 отсто. 

Замената на фосилните горива со обновливи извори на енергија е една од главните цели на стратегијата на ЕУ за декарбонизација и на нејзините напори на намалување на енергетската зависност од трети земји, пред се од Русија. 

Според раководителот на тимот што ја подготви студијата, Крис Рослоу, податоците укажуваат дека употребата на фосилните горива за производство на струја во ЕУ лани бил на историски најниско ниво. 

Друга добра вест од студијата, како што нагласува Рослоу, е тоа што првпат по две години пад, лани во ЕУ е регистриран рас на побарувачката на електрична енергија, иако Европа „се уште троши за пет отсто помалку струја отколку во 2019 година. 

Рослоу нагласува дека загрижувачки факт претставува тоа што лани капацитетите за производство на струја од ветерот биле помали отколку во 2023 година. 

– Ветерот и сончевата енергија се доста комплементарни, бидејќи произведуваат електрична струја во различни периоди во текот на денот и годината, вели Рослоу, додавајќи дека значајниот раст на производството на соларна енергија не ќе може да го компензира намалувањето на еолската енергија.

Можете да прочитате

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија