Утрински Весник
Свет

Социјалната мрежа X доживеа глобален технички прекин

Bigstock Defocus Male Hand Holding Phon 465730213.jpg

Социјалната мрежа X, поранешен Твитер, денеска престана да функционира поради голем технички пад. Веб-страницата и мобилната апликација не се вчитуваа, а корисниците гледаа празен екран. Дел од корисниците пријавиле и Cloudflare грешки, но според информациите проблемот бил во самиот X, а не во Cloudflare, како што се случувало при претходни прекини, пренесува британскиот „The Independent“. Страницата за следење на дигитални услуги Down Detector забележала наголем пораст на пријави околу 16 часот, а прекинот го зафатил целиот свет, како преку веб, така и преку мобилните апликации.

X нема јавно достапна страница за статус на услугите, а на страницата за развојната платформа за време на прекинот било наведено дека „сите системи се оперативни“. Овој пад се случува само неколку дена по уште еден технички проблем на X, во период кога платформата е критикувана за содржини создадени од нејзиниот чатбот Grok. Откако Илон Маск го купи Твитер во 2022 година, масовните отпуштања и честите технички проблеми предизвикуваат загриженост кај дел од корисниците.

Можете да прочитате

САД го продолжија рокот за преговори за продажбата на странските средства на „Лукоил“

Украинска делегација заминува за САД на разговори за можен мировен договор

Трамп со закана до сите земји не го подржуваат за Гренланд