Утрински Весник
Македонија

Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за упокојувањето на митрополитот Тимотеј

20221112022934 Big 730x400 83.webp.webp

Вселенскиот патријарх Вартоломеј испрати писмо со сочувство до архиепископот Охридски и Македомски Стефан за неодамнешното упокојување на митрополитот Тимотеј, пренесува црковниот портал Литургија.мк.

– Преосвештен Архиепископе Охридски, во Светиот Дух возљубен брате и сослужителу на нашата Смиреност господине Стефане, благодат и мир од Бога нека биде на вашето Преосвештенство. Со голема тага бевме информирани за упокојувањето во Господа на незаборавниот наш брат, Митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј, благиот и скромен архијереј, кој го посвети својот живот во служба на Светата Црква. Молејќи се за покој на душата на блаженоупокоениот брат Тимотеј во живеалиштата на праведниците заедно со оние кои од памтивек Му благоугодиле на Бога, на вашето Преосвештенство му изразуваме, на Мајката Црква и нашето, сочувство за смртта на овој архијереј. Се молиме Христос нашиот Бог, Кој има власт над мртвите и над живите, да ја упокои душата на преминатиот од нас под сенката на дрвото на животот при водните извори, а неговиот спомн да биде вечен. По овој повод, ги повикуваме врз вас благодатта и бескрајната милост на Бога на нашите отци, Кој има власт над животот и над смртта, се наведува во писмото со сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј.


Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј се упокои на 25 ноември годинава, по кратко боледување, на 73 годишна возраст. 

Можете да прочитате

ВИСТИНСКАТА ЗИМА НИ ТРОПА НА ВРАТА: Во периодот од 20 до 24 декември многу снег ќе наврне на Балканот, секако и во Македонија!

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

МВР објави меѓународни потерници за Артан Груби и Перпарим Бајрами