Утрински Весник
Македонија

Собранието најверојатно уште денеска ќе ги донесе измените на Законот со кои возачките без новото име ќе продолжат да важат

Driving license macedonia front.jpg

Собранието најверојатно уште денеска на седница ќе расправа за измените и дополнувањата за Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата со кои ќе се овозможи граѓаните кои немаат возачки со новото уставно име да можат да продолжат да возат, дознава 24инфо.мк

Утрово прво СДСМ, а потоа и ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе достават предлог измени на законот.

Како што налага процедурата, откако пратениците ќе ја утврдат потребата од носењето на Законот, тој се сели во матичната комисија по што се враќа во пленарната сала каде треба да се усвои.

Имајќи предвид дека со актуелниот закон возачките дозволи без додавката Северна престануваат да важат од утре, се очекува попладнево измените на законот да бидат усвоени попладнево.

Можете да прочитате

МОН со честитка за меѓународен ден на мајчиниот јазик

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов до крајот на 2029 година

Обвинение за 21-годишник, ја претепал и 15 часа ја држел заклучена бремената девојка