Утрински Весник
Македонија

Собранието го изгласа пакетот закони за платите на функционерите

1708671394 Sobranie.jpg

Пратениците денеска во рамки на 145. пленарна седница ги донесоа измените на шесте закони со кои се намалуваат коефициентите на платите на избраните и именуваните лица.

Со ова, ќе се стопира растот на платите на избраните и именуваните лица, но им останува минатогодишното зголемување од 78 проценти.

Со законските измени се опфатени околу 1 060 избрани и именувани лица како што се претседателот, пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители.

Предлог-измените ги поднесе пратеничката група на СДСМ, а вчера на ваквите најави реагираа од Здружението на судии, Судскиот совет и Здружението на јавни обвинители.

За платите на функционерите кои се именувани директно од Владата и не се опфатени со законските промени, се разгледува законска можност за интервенција со владина одлука, а според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи тоа може да се направи и од управните и надзорните одбори

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница