Утрински Весник
Економија

Собранието денеска го усвои Буџетот за 2026 година

Whatsapp image 2025 10 28 at 13.39.39.jpeg

Собранието денеска го усвои Буџетот за 2026 година, кој е планиран како реален и консолидиран инструмент за одговорно управување со јавните финансии. Вкупните приходи се предвидени на 374,9 милијарди денари, а расходите на 414,2 милијарди денари, со буџетски дефицит од 39,2 милијарди денари или 3,5% од БДП.

За капитални инвестиции се планирани 40,1 милијарда денари за инфраструктурни, енергетски и други проекти важни за развојот на земјата. Буџетот обезбедува и редовна исплата на плати, пензии, социјални трансфери и субвенции, како и поддршка за економијата и иновативни активности. За плати се предвидени 52,6 милијарди денари, за пензии 116,8 милијарди, за социјална заштита 12 милијарди, а за здравство 53,8 милијарди денари.

„Буџетот е изработен со јасна визија, со одговорен пристап кон јавните финансии и со цел секој денар од народните пари да биде насочен таму каде што ќе донесе најголем поврат за граѓаните и економијата. Овој Буџет не е само документ со бројки и табели тој е економска порака за стабилност, доверба и развој“, рече Димитриеска-Кочоска.

Министерката истакна дека со новиот предлог се обезбедува ликвидност во јавните финансии и континуитет во навремена исплата на сите обврски.

Можете да прочитате

Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година    

Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата

Околу две години се потребни за конечна одлука за престојот на професионални возачи од Западен Балкан во земјите од ЕУ, тврдат од Бизнис асоцијацијата „Меѓународен транспорт“