Утрински Весник
Македонија

Собранието ја констатираше оставката на Арбен Фетаи

20260610121412 big 730x400 16.webp.webp

Собранието на денешната  седница ја констатираше оставката на вицепремиерот задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, откако тој на 1 јуни ја достави својата оставка до премиерот Христијан Мицкоски.

Фетаи тогаш преку социјалните мрежи соопшти дека одлуката ја донел внимателно и поради убедувањето дека во актуелните околности тоа е „најправедниот и најдостоинствениот чекор“.


„Во текот на овие две години имав чест и привилегија да ѝ служам на земјата, придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото. Заминувам со крената глава и чиста совест“, напиша тогаш Фетаи.

Тој оцени дека, иако секогаш постои простор за повеќе и подобри резултати, работел со максимална посветеност за поставување цврсти темели за натамошни реформи.

Истовремено, премиерот Христијан Мицкоски најави дека во текот на јуни ќе следува реконструкција на Владата.

„Господинот Фетаи поднесе оставка. Во јуни нè очекува реконструкција на Владата и ќе разговараме со нашите коалициски партнери во рамките на Владата“, изјави Мицкоски на 1 јуни.

Премиерот тогаш посочи дека Фетаи во оставката му се заблагодарил за соработката, како и на останатите членови на Владата.

Можете да прочитате

33-годишник од Карбинци силувал 15 годишно девојче и му пренел заразни болести

Николоски: Интензивно се гради пругата Скопје-Софија, со 29 мостови и 15 тунели втората делница е градежен и инженерски подвиг

Јаневска упати честитки за успешно завршената учебна година