Црвениот крст на Република Северна Македонија продолжува и понатаму да ја следи ситуацијата во Турција и Сирија.
Граѓаните и овој пат ја покажуваат својата солидарност на дело.
Заклучно со 10.02.2023 година преку донаторските телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 16.095.831 денари.
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:
· Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.
· како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
· За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Правните субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина:
Зимски семејни шатори
Ќебиња
Греалки на струја/плин
Церада (постилка за на земја)
Церада (зимска)
Вреќи за спиење
Столици на расклопување (се претвора во кревет)
Креветчиња на расклопување
Фенер на соларно напојување
Кујнски сетови
Храна и средства за хигиена (според стандардите за хуманитарна помош)