Утрински Весник
Свет

Собор на СПЦ: ќе се разгледува и македонското прашање

Собор на СПЦ: ќе се разгледува и македонското прашање

Денес почнува седницата на Соборот на СПЦ. Се очекува покрај косовското, ќе се разгледува и македонското прашање.

dobivaj vesti na viber

Според агенцијата Бета, „македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и пред епископите. На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што ќе се надмине спорот што настана кога таа неканонско се оддели од Српската црква од автономна во целосно независен статус“.

-Бидејќи Соборот е одговорен за најважните одлуки, можно е да соопшти што се случува со Православната Охридска Архиепископија (ПОА) формирана како автономна во рамките на Српската црква, што беше одговор на долгогодишното одбивање на МПЦ да се врати во таков статус, соопшти Бета.

Во Белград престојувала делегација на МПЦ и во Патријаршиската палата разговарала со патријархот Порфириј.

Официјална најава за средбата нема, но опцијата која претходно се споменуваше е ПОА да се интегрира во МПЦ.

Можете да прочитате

ОН: Заштитниот штит во Чернобил повеќе не ја задржува радијацијата

Турција: Продолжен притворот на Имамоглу и на 104 лица обвинети за корупција

САД ја укинаа рутинската вакцинација на новороденчињата против хепатит Б