Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Сојзуот на средношколците бара бесплатен јавен превоз и за учениците од приватните училишта

Jsp.jpg
Dik 300x250 mk

Сојузот на средношколците повика и на учениците од приватните средни училишта во државата да им биде обезбеден бесплатен јавен превод.

Од тука потсетуваат дека во јуни, минатата година, поранешниот претседател на Сојузот, Лука Павиќевиќ, поднесе иницијатива за оценување на уставноста на делови од Законот на средното образование до Уставниот суд. Истата година во декември, Сојузот ја оствари својата цел, со тоа што Уставниот суд донесе одлука дека различен третман на учениците од средното образование во однос на стекнувањето на правото за користење на бесплатен превоз е спротивно на член 9 став 2 и член 44 став 2 од Уставот.

„Со ова очекувавме дека институциите ќе им овозможат на учениците да го остварат правото на бесплатен превоз. Два месеци по одлуката на Уставниот суд, со почетокот на учебна година, ЈСП информираше дека сите ученици од средните училишта ќе добијат бесплатни билети освен тие од приватните. Министерството за образование и наука исто така се оградува од одговорност и вели дека од државниот буџет се издвојуваат средства само за јавното образование“, велат од Сојузот.

Го повикаа МОН, Град Скопје и ЈСП да ја спроведат одлуката на Уставниот суд.

Можете да прочитате

Бујар Османи: Меџити веќе еднаш ја има предадено сопствената организација, сопствениот лидер, активистите што работеле за него

Шукова: БРТ-системот ќе превозува 65.000 патници дневно – Скопје ќе добие модерен и еколошки јавен превоз

Шукова: Време е за резултати уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите