Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“
300x250 opst2

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“ за најдобрите спортисти во главниот град. За најдобар спортист на градот Скопје за 2022 година е прогласен каратистот Петар Спасеновски Тој го освои третото место на Европско првенство за сениори во Газиантеп, Турција, категорија до 84 килограми.

dobivaj vesti na viber

Карате клубот Макпетрол доби признание за најдобар клуб, а наградата за животно дело му припадна на Димче Јанковски, тренер во карате и член на карате сојузот веќе 50 години.

Наградата за најдобар спортски работник му беше доделена на Александар Милојевиќ, меѓународен кошаркарски судија со одсудени над 500 меѓународни натпревари, четири европски првенства, полуфинале на женската Евролига и трипати полуфинале на Балканската лига. Тој е 15 пати прогласен за најдобар судија на Македонија, моментно е комесар и контролор на натпреварите на КФСМ и член е на Судиската комисија на АБА лига.

Милорад Стојмановски, новинар со тридецениско искуство, ја доби наградата за спортски новинар, додека Катерина Шиповиќ, ултра маратонка, прва македонска атлетичарка која истрча 256 километри од Атина до Спарта на Спартатлон во Грција, една од најтешките ултра маратонски трки во светот ја доби наградата за „Спортски подвиг на годината“.

Наградите за спортски педагог им беа доделени на професорите по физичко образование, спорт и здравје, Вјенцеслав Рангелов и Зоран Наков.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица