Утрински Весник
Свет

Со речиси 500.000 загинати војната во Украина е најлошото крвопролевање во Европа од 1945 година

20260225144047 big 730x400 34.webp.webp

И покрај воената тајновитост за сопствените загуби и на украинска и на руска страна и тешкотиите во броењето на цивилните жртви, особено во окупираните области, напорите надвор од теренот и вкрстувањето на јавните податоци овозможуваат процена на колосалниот обем на човечки жртви во текот на овие четири години војна, објави денеска парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница.

Помеѓу 500.000 и 600.000 мртви војници и цивили заедно – тоа е приближна бројка на жртви четири години по одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја почне инвазијата врз Украина на 24 февруари 2022 година.


„Ова е најлошото крвопролевање на европскиот континент од Втората светска војна, далеку надминувајќи ги југословенските војни. Ако ги вклучиме и воените ветерани инвалиди, вкупниот број се приближува до два милиона лица, покажуваат пресметките на Центарот за стратешки и меѓународни студии, тинк-тенк од Вашингтон специјализиран за безбедносни прашања“, наведе „Монд“.

Меѓутоа, ова е само процена бидејќи и Украина и Русија не ги пријавиле своите воени загуби.

На цивилниот фронт извештајот на Обединетите нации од средината на февруари го става бројот на докажани и идентификувани украински цивилни жртви на 53.006 од 24 февруари 2022 година вклучувајќи 15.954 смртни случаи.

На тоа мора да се додадат десетиците илјади цивилни жртви на 20-те проценти од украинската територија окупирана од руската армија вклучувајќи 22.000 убиени, според Киев, за време на тримесечната руска опсада на Мариупол пролетта 2022 година.

Можете да прочитате

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана

Европската комисија побара од Украина да ја забрза поправката на нафтоводот „Дружба“

ЕУ воведува царина од 3 евра по категорија на производи во мали пакувања до 150 евра