Утрински Весник
Македонија

Со позитивна реторика до меѓусебна доверба: Ковачевски во телефонски разговор со новиот бугарски премиер

Ковачевски: Владата и ЕСМ обезбедија стабилно снабдување со струја и парно во услови на најголемата светска енергетска криза

Премиерот Димитар Ковачевски, претпладнево имаше телефонски разговор со новиот премиер на Република Бугарија, Николај Денков.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски му го честиташе мандатот на бугарскиот премиер Денков и посака успешна работа на новоизбраната Влада што ја предводи.

Во разговорот е изразено очекување од двете страни, за добра меѓу владина соработка, во интерес на граѓаните и на добрососедските односи.

Разговарано е за важноста од промоција на позитивната реторика којашто придонесува во меѓусебната доверба, како и од продолжување на динамиката во билатералната агенда и средбите меѓу министрите во владите кои ќе придонесат кон постигнување резултати кои се конкретни и видливи за граѓаните.

Заедничка е оценката дека е потребна конструктивност во пристапот и понатамошната соработка, за коешто постои увереност и кај двајцата премиери дека истото го очекуваат и граѓаните на Северна Македонија и Бугарија, но и регионот, Европската Унија и меѓународните партнери, се наведува во владиното соопштение.

Можете да прочитате

Таравари итно хоспитализиран: Доживеав ненадеен колапс

Една година од убиството на малата Вања Ѓорчевска

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста