Утрински Весник
Свет

Со помош на ЕУ спречен обид на балканската мафија да се инфилтрира во Парагвај

Zatvor.jpg

Директорот на Националната служба за миграција на Парагвај, Хорхе Кронаветер, објави дека на граничните премини со соседна Боливија е регистриран обид на членови на озлогласената балканска мафија да се инфилтрираат во Парагвај.

Кронаветер ги објави информациите на првиот регионален состанок на мрежата Атенас, која е дел од програмата за соработка меѓу Европската Унија и Латинска Америка „Еврофронт“, објави денес парагвајскиот портал на германскиот wochenblatt.cc. Информацијата претходно беше објавена и од латиноамериканскиот портал lapoliticaonline.

На состанокот на мрежата „Атенас“ одржан во Парагвај, Кронаветер изјави дека податоците на мрежата се клучни за идентификување на членовите на балканската мафија, кои најчесто се обидувале да влезат во Парагвај користејќи аргентински лични документи за да ги избегнат граничните контроли.

Меѓу нив, според парагвајски функционер, има регистрирани лица кои одржувале контакт со групи одговорни за финансирање на тероризам.

Кронаветер рече дека е откриено и лице барано во Бразил, кое се обидело да влезе во Боливија преку Парагвај користејќи бугарски пасош, кое е уапсено и предадено на бразилските власти.

Порталот пишува дека балканската мафија е еден вид „криминален синдикат кој ги обединува криминалните структури од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија“ и кој се занимава со трговија со дрога, оружје, луѓе и перење пари.

„Најновите транснационални истраги овозможија разбивање на мегаоперациите на оваа мрежа, одговорна за испраќање големи количини кокаин од Латинска Америка, а пред сè од Парагвај, во Европа.“

Можете да прочитате

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку

Мјанмар: Армијата бомбардираше болница за која тврди дека е база на милитантна група

Иран ги зголеми цените на горивата за прв пат по 2019 година