Утрински Весник
Македонија

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот

Македонскиот дипломатски синдикат го поздрави успешното продавање на недвижноста на поранешна Југославија на Петата авенија во Њујорк, во рамки на процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ.

dobivaj vesti na viber

Од синдикатот апелираат до раководството на МНР и до Владата добиените средства во висина од околу 4 милиони американски долари веднаш да се реинвестираат во купување на недвижнини, односно дипломатски станови во Њујорк.

„Имајќи предвид дека законските прописи предвидуваат уплата на овие средства во државниот буџет, сметаме дека постои реална опасност овие средства да се разводнат и потрошат ненаменски. Со вакво реинвестирање на средствата, значително ќе се збогати станбениот фонд на Македонија во странство, со што барем делумно ќе се намалат огромните трошоци кои се исплаќаат за кирии на нашите дипломати во странство. Патем, вакви се и искуствата во земјите од поранешна Југославија“, наведуваат од дипломатскиот синдикат.

Можете да прочитате

Шокантен случај: Македонец правел грабежи за да биде уапсен во Швајцарија

Ристески: Извршителите од долг од 500 денари прават 18.000 – „На душман ваков закон не се носи“

Вработен во казино одзел над 330 илјади денари