Утрински Весник
Македонија

Со нов помирувач, УЈП и синдикатот утре ќе се обидат да изнајдат решение за платите

Со нов помирувач, УЈП и синдикатот утре ќе се обидат да изнајдат решение за платите

Со нов помирувач, УЈП и синдикалната организација „Солидарност“ утре ќе се состанат на работна средба во врска со барањето за зголемување на платите.

dobivaj vesti na viber

„Назначен е помирувач помеѓу УЈП како работодавач и синдикалната организација Солидарност и утре во 13 часот ќе отпочне процесот на помирување“, велат од УЈП за „Макфакс“.

Вработените од Управата за јавни приходи од 15 јуни бараат зголемување на платите за 30 отсто, а како што најавија, доколку не биде исполнето нивното барање ќе ја активираат одлуката за генерален штрајк.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница