Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Со короната се докажа дека онлајн наставата е неефикасна, реагира Организацијата за дијалог на средношколците

Со короната се докажа дека онлајн наставата е неефикасна, реагира Организацијата за дијалог на средношколците
300x250 opst2

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) реагира на донесеното решение за справување со прекинот на наставата поради дојавите за бомби.

dobivaj vesti na viber

Како што се наведува, решението предвивува онлајн настава за учениците од средните училишта, но не гарантира квалитетна настава, надоместок на изгубената настава и успешно одвивање на полагањето на државната матура.

„Оваа генерација на средношколци нема една цела година со непрекината настава, а тоа директно ќе се одрази на резултатите од матурата. Учениците го изразуваат својот револт и страв околу ова решение и како тоа ќе влијае на нивниот успех на матурата.

Од искуството од пред две години, кога во текот на корона-кризата се учеше онлајн, се покажа дека онлајн наставата е неефикасен начин на спроведување на образовниот процес. Учениците беа оставени да се справуваат со новонастанатата ситуација, како и со академскиот притисок и предизвиците со менталното здравје“, велат од ОДАС.

Од надлежните бараат да применат поефикасно решение на проблемот со онлајн-наставата, да го решат проблемот со дојавите за бомби во училиштата и да им излезат во престрет на матурантите.

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи