Утрински Весник
Македонија

Со гаранција од над два милиони евра Асмир Јахоски излегува од притвор

Asmir Jahoski.jpg

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KСЖ-406/25, на нејавна седница одржана на ден 06.05.2025 година, ја уважи жалбата на осомничениот А.Ј од Скопје, информираат од Судот.

MK Summit

Решението на Основниот кривичен суд Скопје, го преиначи на начин што ја укина мерката притвор определена спрема осомничениот А.Ј. од С. со прифаќање гаранција во износ од 986.540,00 евра, во денарска противвредност од 60.672.235,00 денари, со ставање хипотека на недвижен имот во корист на Република Северна Македонија и износ од 72.000.000,00 денари готови пари, во корист на Република Северна Македонија.


Истовремено спрема осомничениот А.Ј. од С. се определени мерки на претпазливост:

– обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице во Основен кривичен суд Скопје, и

– привремено одземање на постојната патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа

При одлучувањето Судот го имаше предвид претходно прибавениот позитивен предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и мислењето на Вишото јавно обвинителство Скопје да се уважи жалбата на осомничениот, со прифаќање на понудената гаранција.

Делот од гаранцијата понуден и прифатен во готови пари од 72.000.000,00 денари претставува паричен износ еднаков на претпоставената штета за која осомничениот се сомничи дека ја сторил во конкретниот кривично правен настан.

Вака донесената одлука со образложени причини за истата, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот согласно со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Можете да прочитате

Осомничената антикорупционерка отфрлила и пријави за случајот „Адитив“

(Фото) Андреј од ДНК доби мурал во скопската населба Аеродром

ЕУСАИР Форум на Крит – Муртезани: „Преку соработка и поврзаност до заедничка европска иднина“