Утрински Весник
Македонија

Со четирицикл излетал од пат во охридско, тешко повредена неговата сопатничка

Policija.webp.webp

На 24.06.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.П.(20) од село Узем, кривопаланечко.

На локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила 16 – годишна сопатничка од село Марино, општина Илинден, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид.


По налог на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека И.П. го управувал четирициклот без возачка дозвола и лишен е од слобода. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Македонија губи население, а инвестициите што можат да донесат работа се соочуваат со отпор

Нови терапии влегуваат на позитивната листа

Антикоагулансите Клексан и Фраксипарин на Позитивната листа од јули, најави Клековски