Утрински Весник
Македонија

Со 68 гласа „ЗА“ собранието го избра Ристов за прв човек на РКЕ

Aco ristov.png

Собранието на Република Македонија денеска попладне го избра Ацо Ристов за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), со 68 гласа „за“.

Ристов доаѓа на функцијата по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимовски, кој ја напушти позицијата во февруари годинава.


Новиот претседател на РКЕ е дипломиран електроинженер со повеќе од триесет години работно искуство во областа на енергетиката, хидроенергијата и инфраструктурните системи. Во текот на својата кариера учествувал и раководел со бројни комплексни проекти, меѓу кои изградба и управување со хидроелектрани и пречистителни станици.

Ристов е член на Комората на овластени архитекти и инженери и поседува највисоки овластувања за проектирање и надзор.

Од владејачкото мнозинство посочија дека со неговиот избор се добива стручен и компетентен кадар, кој ги исполнува сите законски услови и има капацитет да раководи со независно регулаторно тело од вакво значење.

Со оваа одлука, Регулаторната комисија за енергетика добива ново раководство во период кога се очекуваат важни одлуки за енергетскиот сектор, особено во делот на цените, пазарните реформи и енергетската стабилност.

Можете да прочитате

Отворен конкурсот за стипендија по моден дизајн „Фросина Кулакова“ за 2026 година

Приведени две лица барани со потерници за издржување затворски казни

ИКС: Во пресрет на изборите е потребна мобилизација за справување со странско мешање