Утрински Весник
Магазин

Снуп Дог наводно заработува милиони само за да присуствува на Олимпијадата

20240808100357 Big 730x400 78.webp.webp
Dik 300x250 mk

Американскиот рапер Снуп Дог е своевидно „заштитно лице“ на годинашните Олимписки игри во Париз. Според тамошните медиуми, Снуп Дог само дошол како турист, но протекоа информации дека тој „се појавил на Олимпијадата за хонорар од 500.000 долари дневно“, пренесува „Н-1 Сараево“.

Извршниот директор на „Ен-би-си“ (NBC) наводно ја открил тајната. Тој раскажал како познатиот музичар заработува околу 500.000 долари на ден само за да биде присутен во француската престолнина, и со тоа да го популаризира настанот.

– Еден час покрај извршниот директор на ‘Ен-би-си’ на вечерата беше доволен за да дознаам дека Снуп добива 500.000 долари дневно, плус неговите трошоци се платени за да биде тука за промоција на Олимпијадата, изјави инвеститорот Хенри Мекнамара.

Снуп Дог досега следеше натпревари во кошарка, фудбал, атлетика и мечување.

Можете да прочитате

Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Необична пресуда во Франција: Сопственичка на маче казнета со 1.250 евра

Четири грешки во кујната што ја намалуваат хранливата вредност на вашите оброци