Утрински Весник
Свет

Снимки од авионската несреќа во Торонто: Удар во писта и експлозија во моментот на слетување

Prevrten Avion.webp.webp

Шокантни снимки од авионската несреќа што се случи во понеделникот во Торонто, Канада, беа објавени денеска, прикажувајќи го моментот кога авионот удира во пистата, по што избувнува пожар.

На снимките се гледа како леталото на „Делта ерлајнс“ се приближува кон земјата, но во моментот на слетување удира со зголемена сила, што предизвикува пожар и паника меѓу патниците.


Во несреќата биле повредени најмалку 18 лица од вкупно 80 патници кои биле на летот. Канадските власти веднаш реагирале, а спасувачките екипи на аеродромот брзо интервенирале за да спречат поголема трагедија.

Истрагата за причините за инцидентот е во тек, а експертите анализираат дали временските услови или технички проблеми придонеле за тешкото слетување. Очекува се дополнителни информации од официјалните служби во текот на денот.

Можете да прочитате

Руски дрон влегол на молдавска територија, паднал и експлодирал

ЕУ има негативен природен прираст, но населението се зголемува поради мигрантите

Пловидбата низ Ормуската Теснина опадната на ниво најниско во последните пет седмици