Утрински Весник
Свет

Снежно невреме во Америка, граѓаните без струја пред празниците

Снежно невреме во Америка, граѓаните без струја пред празниците

Силната зимска бура предизвика драстичен пад на температурите ширум САД и остави илјадници луѓе без струја, а во пресрет на Божиќ, властите прават планови за итни случаи.

dobivaj vesti na viber

Невремето кое од денеска ќе се засили веќе донесе огромни количества снег и мраз што им создаде бројни проблеми на возачите, а многумина останаа заглавени во сообраќајот на ниски температури.

Стотици километри патишта не се ослободени за сообраќај, а летовите се откажуваат на аеродромите низ Америка.

Пред празничниот викенд, повеќе од 200 милиони луѓе ширум САД, од канадската граница до Мексико и од Вашингтон до Флорида, ја проверуваат временската прогноза, при што синоптичарите предвидуваат замрзнати ветрови и температури далеку под нулата.

Во предупредувањето, Националната метеоролошка служба дава совети за најлошото време досега.

Делови од Монтана, Јужна Дакота и Вајоминг веќе забележаа ниски температури под -45 степени Целзиусови во изминатите два дена.

„Тековната голема зимска бура ќе продолжи да носи обилни снежни врнежи, силни ветрови и студ опасен по живот. Ако патувате за празници, бидете исклучително внимателни и внимавајте на најновите прогнози и ажурирања“, соопшти Националната метеоролошка служба во четвртокот.

Како што бурата се движи кон исток, се очекува да стане циклон. Се прогнозира дека притисокот на бурата ќе биде еднаков на ураганот од втора категорија.

Невремето зафати и места на југ, кои не се навикнати на вакви екстремни зимски услови. Илјадници домови и бизниси беа без струја во петокот низ Тексас, Луизијана, Тенеси, Мисисипи и Мисури.

Гувернерите во најмалку 13 држави, вклучително и јужните држави како Џорџија и Северна Каролина, спроведоа итни мерки за да одговорат на невремето. Прогласувањето на вонредна состојба во неколку држави вклучуваше и активирање на единиците на Националната гарда.

Најголемата опасност од ова невреме, освен обилните врнежи од снег и снежните наноси, е и драстичното опаѓање на температурата за краток временски период. Во текот на ноќта температурите ќе опаѓаат со неверојатна брзина. Многу градови веќе имаат „арктичка атмосфера“.

Меѓународниот аеродром во Денвер во средата забележа најниска температура од 37 степени, прелиминарниот минимум од еден час досега забележан во тој дел од земјата, според Националната метеоролошка служба.

До 11 часот во средата, температурата во Чикаго падна за 38 степени.

Во 24 часа од вторник кон среда навечер температурата во Сент Луис паднала за 44 степени. Температурата во Мемфис се намали за 36 степени.

За само два часа во средата навечер, температурата во Нешвил се спушти за 29 степени, за девет часа температурата во Далас се спушти за 31 степен,пренесуваат светските медиуми.

Можете да прочитате

Трамп пристигна во Шкотска, најави средби со Стармер и Фон дер Лајен

САД ќе обезбедат гаранција за кредит од 4 милијарди долари за Полска за купување американска воена опрема

Третина од британските пратеници го повикуваат премиерот Стармер да признае палестинска држава