Утрински Весник
Македонија

Снегот добредојден за земјоделството – 24info.mk

20250123093718 Big 730x400 66.webp.webp

Снежните врнежи што ја зафатија земјава минатата недела се добредојдени за земјоделството, велат агрометеоролозите. Ќе ја зголемат влагата на почвата не само на површинскиот, туку и во подлабокиот слој.

Снегот кој е воедно и топлински изолатор, посебно е значаен за есенските посеви.


-Промената на времето од минатата недела со врнежи од снег и формирање снежна покривка, се оценува како позитивна, особено за есенските посеви на кои им се потребни вакви временски услови. Оваа состојба поволно ќе влијае врз сите земјоделски култури и ќе придонесе за зголемување на влажноста, како на површинскиот, така и на подлабокиот слој на почвата, велат агрометеоролозите на УХМР.

Снегот, нагласуваат, ја одржува константна температурата во почвата.

-Снегот ги штити посевите од минимални температури, ја одржува температурата во почвата на пет сантиметри на околу еден степен што е сосема доволно за да нема оштетувања на јазолот на братење кој се наоѓа токму во тој дел од почвениот слој. Како добар изолатор, снегот ја одржува константна температурата, објаснуваат агрометеоролозите.

Тие препорачуваат земјоделските производители да продолжат со грижа за посевите доколку почвените услови го дозволуваат тоа.

-Земјоделските производители треба да продолжат со грижа за нивните посеви, со зацврстување на пластениците и другите конструкции, како и со примена на сите потребни земјоделски активности и агротехнички мерки, советуваат агрометеоролозите.

Можете да прочитате

Со поддршка на Агенцијата за филм во моментов се снимаат три македонски долгометржани филмови

Костовски се заблагодари за кандидатурата: Одимe на победа, Куманово може подобро!

Со новите предлог кандидати за градоначалници, СДСМ најави дебакл на изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ